Ангелов со легендарниот “ФАП” од 1976 во Кавадарци

Сподели

 

Денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, ја посети Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кавадарци, при што ги разгледаа противпожарните возила и секако најстарото, што е исправно и добро одржувано возило, “ФАП 13” од 1976 година.

 

 

 

Во противпожарната отворена канцеларија – кавадаречката ПП гаража, Ангелов и Јанчев во непосреден разговор со пожарникарите разменија мислења за оперативните можности и досегашни искуства при гаснење пожари на отворено, особено за шумски пожари.

 

 

Ангелов изрази голема благодарност и им оддаде признание на 30-те кавадаречки пожарникари кои се одѕиваат на секој повик за помош при пожари на територијата насекаде низ државата. При средбата со кавадаречките пожарникари и градоначалникот Јанчев, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, при кусо пробно возење на легендарниот противпожарен “ФАП 13”, лично се возеше заедно со еден од пожарникарите.