Вести Македонија

360 СТЕПЕНИ (ВИДЕО): Шекеринска – Груевски сака амнестија

Сподели:

“-Груевски бара амнестија за упадот во Собрание на 27. април, но целта му е генерална амнестија”. Вака министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за „360 степени“ ја коментира Иницијативата на ВМРО – ДПМНЕ со која, како што велат, преку Парламентот ќе бараат амнестија за учесниците во крвавиот четврток.

„Мислам дека Груевски повторно ги користи луѓето кои го спроведоа сценариото на 27. април како покритие за својата одговорност. Груевски вели дека ќе бара амнестија за 27. април, меѓутоа мислам дека неговата вистинска цел е да го направи тоа што не му успеа минатата година, а тоа е да бара генерална амнестија за сите случаи коишто се поврзани со Специјалното јавно обвинителство. Првиот пат се обиде да го направи тоа преку Иванов, сега преку нас сака тоа да го направи.“ – изјави Радмила Шекеринска

Сподели: