46 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден без лиценца

Сподели

 

Денеска, во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
 
При контролата констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци. Од нив две за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, изречена е една мерки за возење без возачка дозвола…
 
Упатени на вонреден технички преглед се 24 возила.