Вести Македонија Ударни вести

Црвен крст ја достави првата хуманитарна помош во материјални добра во централниот магацин на Албанскиот Црвен крст

Сподели:

 

Црвениот крст на Република Северна Македонија ја достави првата хуманитарна помош во материјални добра во централниот магацин на Албанскиот Црвен крст.

 

Црвениот крст на РСМ e во постојана комуникација и координација со колегите од Албанскиот Црвен крст со цел обезбедување на евективен и соодветен одговор на потребите и приоритетите на граѓаните на Драч и околината

 

 

Црвениот крст за транспорт на хуманитарната помош се приклучи на конвојот од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, МВР и Противпожарната бригада.

 

 

Црвен крст има отворено и телефонски броеви преку кои може да се донира. До 14 часот собрани се вкупно 80.000 евра.

Може да донирате на 070/075/077/ 143 400 за повик од Македонија преку мобилен телефон. Секој повик е 100ден, а донациите се преку Црвен Крст.

Сподели: