Меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“ за Зоран Заев

Сподели

 

Меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ во сараевската музичка академија, вечерва му беше врачена на македонскиот премиер Зоран Заев.

 

 

“Величенствена е атмосферата во Народниот театар во Сараево, меѓу бројните академици, дипломати и видни гости од пријателска Босна и Херцеговина.

Меѓународната наградата Иса Бег Исхаковиќ што ја добив вечерва за мене и мојот народ се чест и обврска да продолжиме да мотивираме и да ги зацврстуваме пријателства на Балканот, во регионот, Европа и светот. Благодарам пријатели од БиХ!

Сè додека има прогресивни лидерства, искрени политики и потраги по пријателства, ќе има и пријателства. Верувам дека Европа ги препознава и ќе ги вреднува позитивните промени на Западен Балкан. Република Северна Македонија, а и земјите од регионот се пријател, ја заслужуваме поддршката од ЕУ и НАТО” – порача Заев од Сараево.