Администрацијата на 14. декември ќе се приклучи на иницијативата „Не биди ѓубре“

Сподели

 

Административците ќе се приклучат на иницијативата „Не биди ѓубре“, која што има за цел да ги исчисти градовите од расфрланото ѓубре.

 

 

Вработените во државната администрација на 14.декември ќе се приклучат на масовната акција за чистење ѓубре во главниот град и ширум државата. Административците ќе ги чистат јавните површини во периодот од 9 до 12 часот. Здравствените работници, наставниците и негувателите во градинките ќе го чистат кругот на јавните установи каде што се вработени, информираше министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски на денешната прес – конференција.

Владата формирала работна група за успешно спроведување на акцијата. Министерот Манчевски посочи дека ќе бидат обезбедени соодветни алати и механизација на локациите каде што ќе бидат потребни.

Со оваа акција вработените во државните институции ќе го одработат 2.јануари 2020 година, којшто беше прогласен за неработен ден за државната администрација.