Вести Македонија Ударни вести

Пожарникарите на Град Скопје пружаат помош на настраданите во Драч

Сподели:

 

“Градот Скопје испрати две екипи, едната екипа е составена од четири пожарникари, а втората екипа е составена од двајца коишто ќе вршат снимање на самото место со термален дрон и термални камери, за да се откријат евентуални преживеани во урнатините, како и беспилотно летало коешто ќе врши 3Д мапирање на теренот со цел штетите коишто се настанати и оштетувањата на објектите да може да бидат како мапа достапни на спасувачките служби коишто се на самото место” – соопштија од Град Скопје.

Три милиони денари помош од Советот на Град Скопје ќе бидат издвоени за настраданите во земјотресот во Албанија, – соопштија на денешната прес-конфереција од Град Скопје.

На страната на Пожарна Скопје објавени се фотографии од спасувачката мисија под урнатините што ги предизвика земјотресот.

Се работи на терен се уште БППЗ СКОПЈЕ

Сподели: