Адвокатите на Јанкуловска не се појавија во Апелација

Сподели

Гордана Јанкуловска се појави сама денеска во Апелацискиот суд, каде требаше да се одржи јавна седница за нејзината жалба по однос на шест годишната казна затвор која ја доби во предметот „Тенк“ на СЈО.

Поради отсуство на нејзините адвокати расправата беше одложена. Адвокатот Боро Тасевски не присуствуаше поради приватни причини, додека адвокатката Сања Алексиќ била спречена да присуствува поради болест. Судијката го одложи рочиштето за 25. февруари.