Бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување изборни неправилности

Сподели

 

Државната изборна комисија има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.

Во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.