АЕК: Граѓаните да не стравуваат за штетноста од зрачењето на 5Г

Сподели

“Граѓаните да не стравуваат од 5Г технологијата. По ниту еден основ не е штетна по човековото здравје”, уверуваат од Агенцијата за електронски комуникации. По најавата за поставување на оваа технологија, на глобално ниво граѓанските здруженија отворија прашања и барања прво да се испита влијанието на оваа технологија, а  потоа да се воведе. Граѓаните и кај нас со голем број поплаки до АЕК за 5Г технологијата.

“Нема простор за загриженост за штетност од зрачењето на новите технологии во електронските комуникации. 5Г означува петта генерација на мобилната комуникација. Со неа значително ќе се зголеми брзината на пренос на податоци. Истовремено, со нејзиното воведување би требало да се намали доцнењето, потрошувачката на енергија и цените -изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации АЕК, Сашо Димитријоски..