Вести

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија

Сподели:

FItch-agencija

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ на ББ, објави„Ројтерс“.

Намалувањето на кредитниот рејтинг, како што пишува „Ројтерс“ се должи на објавувањето на големи обвинувања за корупција, што според агенцијата „Фич“, „се потврда за недостатоците во стандардите на добро владеење“.

Понатаму, како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведуваат и неуспехот на Договорот од Пржино од минатата година и неуспешните обиди да се одржат предвремени парламентарни избори во април и јуни оваа година.

Повеќемесечните протести, бојкотот на Парламентот од страна на опозицијата и опструкциите што во истрагите за корупција на високо ниво му се прават на Специјалниот јавен обвинител, исто така влијаеле врз намалувањето кредитниот рејтинг на државата.

Како резултат на политичката криза, во извештајот е нотирано и повлекувањето на депозитите од банките од страна на граѓаните во април, но и намалување на проекциите за бруто-домашниот производ од 3,6 на 2,5 проценти.

Изгледите за оценката на кредитниот рејтинг се повторно негативни, што во иднина ако ништо не се промени, кредитниот рејтинг може да падне до нивото ББ-.

meta.mk

Сподели: