ЈУБИЛЕЕН ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Сподели

18.8.ohridski-maraton

Денеска ќе се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон кој се плива на триесет километарската патека „Климе Савин.“

Стартот е закажан за 12 часот од Св. Наум, а пристигнувањето на првите маратонци се очекува да биде околу 17 часот на градското пристаниште.

Пријавени се 18 натпреварувачи од повеќе држави во светот, меѓу нив е и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев кој се смета за фаворит и оваа година.

Во машка конкуренција ќе учествуваат и Македонците, Томи Стефаноски и Александар Илиевски.

Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат Чехињата, Силвие Рибарова, Русинките, Килик Дариа и Олга Козудуб, Аргентинките, Гарсија Рита Ванеса, Пилар Геијо и Викторија Мори, Хрватката, Дина Левачич, Италијанката, Елена Лионело и Венецуелката, Вичениа Наваро.

Маратонот кој годинава е јубилеен и се одржува по 30. пат е под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, додека негови организатори се Пливачката федерација на Македонија (ПФМ), градот Охрид, охридскиот Сојуз на спортови и Агенцијата за спорт и млади, која го финасира со 400.000 денари.

Охридскиот пливачки маратон е еден трите годинава кои се одржуваат во „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).