Ахмeти до Нуланд: Избори се потребни што поскоро

Сподели

Ahmeti-Nuland-624x437

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, како и амбасадорот на САД во Скопје, г. Џес Бејли.
Г. Ахмети и г-ѓа Нуланд, како секогаш отворено и пријателски разговараа околу начините како да се реши политичката криза во земјата и враќање на евро-атлантската агенда.
Г-ѓа Нуланд ја изрази проценката на САД за конструктивната улога на г. Ахмети кон постигнување решение, како и тесната соработка со американските власти.
Лидерот на ДУИ Ахмети ја увери г-ѓа Нуланд дека ДУИ е најконструктивна за изнаоѓање на решение како и изрази оптимизам за брзо постигнување на компромис од двете страни во наредните денови.
Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро.
Г.Ахмети го информираше високиот гостин од САД околу предлозите на ДУИ за чистење на Избирачкиот список и медиумите како и потребата за двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори.
Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, г. Ахмети побара поддршка од Америка за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ каде што г-ѓа Нуланд истакна дека тоа е наша заедничка цел.