Вести Македонија

Ахмети и Хајндл разговарале за избирачкиот список и медиумите

Сподели:

ahmeti-i-hajndl-860x680

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денеска со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл и амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер разговарале за политичката ситуација во земјата и за можните решенија за излез од политичката криза.

Како што се наведува во партиското соопштение, Ахмети истакнал дека ДУИ е заинтересирана преостанатите прашања да се решат што е можно побрзо и реформите да се спроведуваат со цел да се организираат сеопфатни избори. Тој го уверил Хајднл дека ДУИ е конструктивен партнер на сите кои сакаат решение на кризата и оти се заинтересирани оваа ситуација да се надмине што е можно поскоро.

Главна тема на разговорите, како што наведуваат од ДУИ, биле прочистувањето на избирачкиот список и медиумите, кои се предуслови за поставување датум за предвремени избори.

meta.mk

Сподели: