Вести Македонија

Ахмети: Македонските партии да го надминат единственото отворено прашање

Сподели:

Ahmeti-Beleli

Политичките партии од македонскиот блок треба да го надминат единственото отворено прашање меѓу нив, со цел да се олесни постигнувањето на договорот што е можно поскоро, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на денешната средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Масимо Белели.

Ахмети и Белели, како што информираат од ДУИ, на средбата разговарале за последните случувања во преговарачкиот процес за решавање на политичката криза и за „отворање на патот за одржување на сеопфатни избори“.

Ахмети го повторил ставот на ДУИ дека датумот за изборите треба да се утврди откако политичките партии ќе проценат дека се исполнети условите за веродостоен изборен процес.

Италијанскиот амбасадор, велат од партијата, високо ја оценил улогата на ДУИ во преговарачкиот процес и изразил уверување дека „овој придонес ќе продолжи и во надминувањето на последното отворено прашање“.

Според неофицијални информации, партиите не можат да постигнат договор околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

meta.mk

Сподели: