Aксел Сотирис Валден за НОВА: Основа за разумно решение со Грција постои

Сподели
Интервју на Светлана Јовановска
Сотирис Валден, пензиониран висок функционер на Европската комисија во која ја водеше службата за проширување за Нова зборува за перспективите за решавањето за спорот со името.
Дали грчката јавност се уште има тврда позиција врз проблемот со името со Македонија?
Денес грчката јавност има други проблеми а не името на Македонија. Сепак, кризата донесе популизам и стравувам дека политичарите и медиумите, доколку така одлучат, би можеле лесно да го искористат тоа за креирање националистичка хистерија како онаа што ја видовме во 90те години.
За жал, основите на главниот наратив за Македонија не е сменет. Од една страна, доколку дојде до широк политички консензус за разумно решение, во што не верувам, речиси сум уверен дека јавноста тоа ќе го следи. Јас пред се верувам дека политичкиот систем, а не јавноста, е главна пречка за решение.
Може да се слушне дека владата на Ципрас е можеби единствена шанса за Скопје да го реши проблемот иако во грчката владина коалиција е и партијата Анел. Се согласувате ли со тоа?
Ципрас и неговата партија се помали националисти од Нова демократија или Пасок. Иако линијата на пресек за овие проблеми минува преку најголемиот број партии вклучувајќи ја тука и Сириза. И покрај тоа, јас не би бил преголем оптимист околу маргините за маневар на нашиот премиер. Прво, поради клучната улога на неговиот високо националистички партнер од коалицијата. И главно поради генерално слабата позиција на владата во моментов: претпоставувам дека нема волја да отвора нови “фронтови” со опозицијата. Која, во последно време практикува политика на напади на сите полиња. Но, како што веќе реков, пријателскиот однос на Скопје би можел да помогне.
Што се случи во 2008 година за време на самитот на НАТО во Букурешт. Имаше ли вето или не? Имаше ли предлог на масата? Зошто притисокот на Џорџ Буш не помогна?
Имаше грчко вето во Букурешт. Судот во Хаг тоа го потврди. Ветото се однесуваше на влезот на земјата под името “поранешна југословенска Република Македонија” и затоа Грција беше осудена од Судот бидејќи ветото е јасно нарушување на Времената спогодба од 1995 година помеѓу двете земји.
Притисокот на Џорџ Буш не даде резултати, можеби поради тоа што тој одбра да притиска истовремено и за членство на Украина и Грузија а на тоа се противеа најголемите европски сили. Сепак, Буш не успеа пред се поради тоа што Грција не беше банана република (и тоа го потврди на најлошиот можен начин).
Како што знаете, Атина одбра да ја игнорира пресудата на Меѓународниот суд за правда иако земјата секогаш ја поддржувала неговата меѓународна легалност околу споровите со Турција. За жал, се чини дека има широк политички консензус околу ова прашање.
Треба исто да се потсети дека има и одлука на НАТО која го условува влезот на Македонија со решение за името (таква одлука нема во ЕУ). Оттука, стравувам дека предлогот за влез во НАТО или ЕУ под привремената референца не е нов и за жал тоа е позиција која од перспективата на Атина е речиси неможна.
Интервјуто за Нова го правеше Светлана Јовановска и во целост прочитајте го тука