Актерката Билјана Беличанец Пронајдена Мртва

Сподели

Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ вечерва е пронајдена обесена во бања, во стан во центарот на Скопје, потврдија за денесмагазин.мк од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата ги проверува причините за смртта. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Беличанец имаше 45 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Актерката Билјана Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.