Вести Македонија

Алан Данкан на средба со Ѓорѓе Иванов

 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го прими сер Алан Данкан, државен министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Британскиот министер Данкан, кој е во дводневна посета на Македонија, вчера се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Поповски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

На средбите, според соопштенијата од МНР и партиите, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, нејзините евроаталнски перспективи, реформските процеси, билатералната соработка.

Според најавата за посетата на Данкан на Македонија од Британскиот Форин офис, Данкан треба да има средби со лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание, со претставници на граѓанскиот сектор, на СЈО и институции поврзани со владеењето на правото.

Сподели: