Вести Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија во Скопје

Сподели:

 

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе протестираат денеска во Скопје. Протестите, како што велат од партијата се со цел заштита на националните интереси и спречување на дефакторизација на македонскиот народ.

Денешниот протест се најавува низ социјалните мрежи, а повиците се поврзани со националистички слогани. Се очекува протестот да започне во 17:00 часот на плоштадот Македонија во Скопје, пренесува Алсат-М.

Ваквиот развој на настаните доаѓа кратко време по изјавата на поранешниот премиер Никола Груевски, кој го критикуваше напредокот на разговорите меѓу СДСМ и албанските партии, со оценка дека тоа е обид да се “редефинира Македонија и да се дефакторизира македонскиот народ.”

Во својата изјава Груевски додаде и дека е подготвен да се бори за интересите на државата. Според дел од експертите, изјавите на Груевски би можело да се протоклуваат и како предупредување за можно продлабочување на политичката криза во Македонија.

Сподели: