АЛБАНИЈА: Опозицијата со молотови коктели врз владината зграда (ВИДЕО)

Сподели

Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани од сите делови на земјата, се собраа пред Владата во Тирана, каде се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.

Протестот кој почна во 18,30 часот опозицијата бара да продолжи до полноќ, но според полицијата нема дозвола за тоа. 

Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди,к ако и црна боја врз владината зграда.