Вести Македонија Топ теми Ударни вести

АЛКАЛОИД: Внимавајте, се појавија фалсификат средства за дезинфекција-на нашите производи секогаш стои логото на Алкалоид!

 

Би сакале да ве известиме дека на пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од
„Алкалоид“ – Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.

Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и врз здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност.

 

 

 

За да им помогнеме на купувачите да ги препознаат оригиналните производи Ecosal® Forte и Dezintal® произведени од „Алкалоид“, за чии квалитет и
безбедност гарантираме, ги посочуваме следните детали што може да се забележат на самото пакување на производите:
▪ на етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и логата на Ecosal® и на Dezintal®, кои гарантираат за оригиналното потекло на производите и за преземените мерки во делот на нивната регистрација, во согласност со важечките регулативи;
▪ како производител секогаш е назначен „Алкалоид“ АД Скопје, што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови на производство;
▪ производот Ecosal® Forte се произведува во пакување од 500 ml, со затворање приспособено на типот на производот – антисептик, наспроти фалсификуваното пакување од 1000 ml, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“;
▪ производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба, за кое можеме да гарантираме само доколку се произведени и доколку се спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“ АД Скопје.

Сподели: