Алтернатива утре на Централен совет ќе одлучува дали ќе биде дел од Владата

Сподели

 

Утре во 19 часот, во седиштето на партијата во Тетово, на седница на највисокото партиско тело – Централен совет ќе биде донесена дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата. 

„Седница на Централниот совет на Алтернатива имаме утре во 19 часот во партиското седиште во Тетово. Утре ќе се донесе конечна одлука. До овој момент ништо не можам да кажам. Утре по завршувањето на седницата ќе имаме прес-конфренција“, изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани.