Амбасадата на САД донира медицинска опрема за справување со коронавирусот

Сподели

 

Амбасадата на САД во Македонија денеска донира заштитна медицинска опрема за нашата земја за борба против корона вирусот. Од амбасадата информираат дека донацијата ја примија заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како национален координатор за распределба на странска помош, и Министерот за здравство, Венко Филипче, во присуство на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

„Ова е дел од онаа поголема најавена поддршка од над еден милион долари. Станува збор за различна заштитна облека – маски, одела и друго, кои се наменети за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници. Опремата им се става на располагање на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје, на кои секако им е најпотребна, имајќи предвид дека опремата ќе ја користат медицински лица кои се првата одбрана на земјата од епидемијата”, истакна Османи.