АМСМ: На граничните премини со Грција се чека до еден час

Сподели

На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека еден час, а на граничниот премин кај Дојран, се чека околу 30 минути, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, нема подолги задржувања. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

 Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.