Продолжува собраниската расправа по ребалансот на Буџетот

Сподели

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по ребалансот на Буџетот за 2017 година предложен од Владата.

Расправата почна во понеделникот кога министерот за финансии го образложи предложениот ребаланс.

Во текот на досегашната расправа пратениците од мнозинството дадоа поддршка, додека опозицијата оцени дека ребалансот е антиреформски и дека се кратат средства за капитални инвестиции на сметка на партиски вработувања.