Анита Тополова Исајловска е новиот јавен обвинител

Сподели:

На 35-тата седница одржана денеска на 22 декември, со почеток во 11 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 донесе одлука за определување на вршител на функција Јавен обвинител на Република Северна Македонија, така што за вршител на функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија се определува Анита Тополова Исајловска – јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до именувањето на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, за време не подолго од 6-шест месеци.

Таа е едногласно избрана за вршител на должност Јавен обвинител на Република Северна Македонија, на седница на Советот на јавните обвинители, по оставката на Љупчо Коцевски.

Сподели: