Анкета: Европејците не сакаат летно и зимско сметање на времето

Сподели

Повеќе од 80% од Европејците сакаат да се укине летното и зимското сметање на времето кое се менува во пролет и есен, пренесе МИА.

Во анкетата на Европската комисија, спроведена од почетокот на јули до средината на август, учествувале 4,6 милиони луѓе. Ова е рекордно учество во онлајн истражување на ЕУ. Повеќе од три милиони гласови биле дадени од територијата на Германија.

Од луѓето кои преферирале да престане да се менува времето, повеќето сакаат да остане летното сметање на времето.

Портпаролка на ЕК изјави дека Европската комисија детално ќе ги разгледа резултатите од анкетата пред да даде какви било официјални изјави.