Вести Македонија Ударни вести

Анкета ИРИ: Бегалецот Груевски има највисок рејтинг

Сподели:

 

Најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија, објави дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Согласно резултатите на извршеното испитување на јавното мислење, за СДСМ би гласале 11% од македонските граѓани, околу 7% својот глас би го дале за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица.

На прашањето „Кој е омилен политичар“ 7% добил Никола Груевски, 6% Христијан Мицкоски колку и Али Ахмети, а Димитар Ковачевски има 5%. Зоран Заев има 2% исто колку и Бранко Црвенковски, а за „Ниеден“ се изјасниле 38%.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.

Сподели: