Американската амбасада со предупредување до своите граѓани

Сподели

 

Амбасадата на САД ги предупреди американските државјани да избегнуваат масовни собирања во земјава за време на празничниот период.

Во известувањето од амбасадата се вели дека е можно зголемување на криминалот, но воедно потсетуваат дека во Скопје зачестија пријавите за бомби во училиштата, трговските центри, транспортните станици и други места.

Од амбасадата повикаа државјаните на САД во случај на дојава за бомба да ги следат инструкциите на локалните безбедносни власти.