Вести

Антикорупциска агенција ќе ги проверува имотите на Тачи и на Мустафа

Сподели:

9901276813_f31af1138e_o

Косовската Агенција за борба против корупцијата ќе спроведе истрага за имотната состојба на претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, јавува агенцијата „Танјуг“.

Агенцијата, исто така, ќе изврши и проверка на пријавениот имот на вицепремиерот и министер за правда Хајредин Кучи, како и на уште тројца владини претставници, чии имиња не се објавени.

Предмет на проверка на Агенцијата ќе бидат и имотните состојби на други избрани функционери, меѓу кои и неколкумина пратеници и градоначалници.

http://meta.mk/antikoruptsiska-agentsija-ke-gi-proveruva-imotite-na-tachi-i-mustafa/

Сподели: