Антикорупциска комисија отвори предмет за имотот на Артан Груби

Сподели

 

Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби откако во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа изнесени наводи за несразмерното зголемување на неговиот и на имотот на членовите на неговото семејство. Оваа информација денес на редовната седница ја потврдија членовите на комисијата.

„По предметот се постапува и штом ќе имаме конкретни информации, ќе ги споделиме со јавноста“, изјави Катица Николовска од ДКСК.