Апелација ја потврди условната казна за Ивона Талеска

Сподели

Апелациониот суд во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И.Т. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С.Г. ДООЕЛ С“, соопшти Апелациониот суд.

Второстепениот суд ја преиначил само споредната, т.е. паричната казна за Талеска, во однос на валутата во која е изречена.

Пресудата ја донел судискиот совет со кој претседавал судијката Софија Лаличиќ во февруари. Талеска, откако ја призна вината дека затајувала данок, беше осудена на две години условна затворска казна, според која во наредните 4 години не треба да направи ново кривично дело.