Вести Свет

Црн ден за Полска

Сподели:

Црн ден за полската историја. И тоа токму во Гдањск, каде започна мирната демонтажа на комунизмот во Европа. И тоа токму за време на хуманитарен настан, кој требаше да ги обедини луѓето преку партиските граници. И тоа токму еден политичар, кој повеќе од 20 години го предводеше градот и пред кусо време повторно беше избран на функцијата. И сето тоа во една земја, која со право беше горда на тоа што во нејзината историја никогаш немало убиства на кралеви, а единственото политичко убиство – она на претседателот Габриел Нарутович се случи пред повеќе од 100 години. Кошмар.
Ништо не менува тоа што атентаторот имал криминално минато и очигледно страдал од психички болести: неговото признание на самото место на убиството не остава никаква дилема дека убиството има политичка заднина. Политичката одговорност за оваа смрт е кај сите оние кои во политиката не се залагаат за компромис и дијалог, туку за поделби и конфликти.

Текстот во целост прочитајте го тука

Сподели: