Aпелација ќе одлучува за „бомбите“ во предметот „Тортура“

Сподели

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница треба да одлучува дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во предметот „Тортура“ на СЈО.

Овој предмет се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски, на 6.6.2011 година по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура“ првообвинет е поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е екс-командантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки. Сите седум обвинети во овој предмет се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.

Кривичниот суд донесе решение со кое „бомбите“ ги отфрли како доказ во постапката, по што СЈО вложи жалба до второстепениот суд.