Кои учесници се приведени од крвавиот четврток во Собранието?

Сподели

Јавното обвинителство освен барањето за приведување на Чавков, побарало приведување и на полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април. На листата се и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Меѓу приведените е актерот Владо Јовановски, учесник на протестите и еден од оние кои критичната вечер беа во парламентот, Горан Ангелов од т.н. Македонско патриотско здружение „Андон  Јанев – Ќосето“ од Велес, пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, (кои на снимки од видео – надзорот се регистрирани како ги отвораат вратите на Собранието за да влезат демонстранти), една пратеничка, поранешниот директор на ФЗОМ, Сашo Стефановски, и други. Се очекува сите да бидат донесени пред судија за претходна постапка во Кривичниот суд.

Според полициски извори, дел од нив веќе се приведени, а по дел сѐ уште се трага, како на пример, по Богдан Илиевски („Бетмен велит“), кој беше еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, а по нивното завршување влезе во освежениот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.