Вести Македонија Ударни вести

Апелација одби да му го врати пасошот на Груевски

Сподели:

Апелацискиот суд Скопје го одбил барањето на адвокатите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да му биде вратен пасошот.

Претседателката на Судот, Лилјана Шопова, која беше главен судија во советот за одлучување, за ТВ 24 потврдила дека барањето е одбиено. Адвокатите на Груевски на вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд, образложија дека бараат да му биде вратена пасошот бидејќи му требал за патување надвор од Македонија, посочувајќи ја поканата што му ја упатил унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Обвинителите од СЈО, пак, побараа пасошот да му се враќа, бидејќи според нив, неговото отсуство би довело до одложување на процесите кои се водат против него.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство.

Сподели: