Вести Македонија Ударни вести

Апелација одлучува за Јанкуловска во случајот “ТЕНК”

Сподели:

Во Апелацискиот суд во Скопје дза денеска е најавено рочиште за пресудата во случајот „Тенк“ (набавка на блиндираниот мерцедес), за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со која таа е осудена на 6 години затвор.

Заедно со Јанкулоска на обвинителка клупа во овој случај обвиненија и пресуди добија Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР.

Груевски и Поповски веќе се правосилно осудени: експремиерот на две години, а поранешниот функционер во МВР на четири години и шест месеци. Поповски се наоѓа во затвор, а Груевски избега во Будимпешта, Унгарија, каде и побара азил.

Сподели: