ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со слаба магла по одделни котлини. Од пладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажни воздушни маси, кои во следните денови ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда претпладне, особено во источните делови.

Поради заладувањето врнежите ќе преминат во снег освен на повисоките и на некои пониски места.