Апликацијата „СтопКорона“ од 13 април, досега, на своите мобилни уреди ја презеле 62.979 граѓани. Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да се помогне во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Посочуваат дека до денеска преку апликацијата не се откриени нови позитивни случаи на коронавирусот.