Арапите ја освојуваат Европа – По Њукасл сега сакаат да го купат поранешниот европски шампион!

Сподели

Саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, односно инвестицискит фонд близок до него, има намера да купи друг фудбалски клуб.

Њукасл беше купен во четвртокот за 300.000.000 фунти, а следната инвестиција може да биде во Италија.

Според медиумите на Апенините, овој фонд (ПИФ) се свртел кон Интер, кој сакаат да го купат од кинеската група Сунинг.

Нероаѕурите се актуелни шампиони на Италија, меѓутоа, тие веќе некое време имаат финансиски проблеми. Од таа причина, тие продадоа двајца од можеби најдобрите играчи минатото лето, Ромелу Лукаку (Челзи) и Ашраф Хакими (ПСЖ).

Саудијците планираат огромни инвестиции во Њукасл, а се чини дека истиот план би можел да се спроведе и во Интер.

 

Тренерот кој ни гигантите не го донесоа, потпишува за Њукасл – Зошто наскоро островото ќе се тресе!?

The post Арапите ја освојуваат Европа – По Њукасл сега сакаат да го купат поранешниот европски шампион! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico