АРМ ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ

Сподели

По повод 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија денеска на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи централната воена свеченост, а ќе биде извршена и почесна стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.

Во текот на денот по повод јубилејот ќе бидат положени цвеќиња пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Годишнината ќе биде одбележана и во гарнизоните на единиците на АРМ.