Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство, објави градоначалничката Арсовска.
За појаснување како одел процесот:
– Си почнуваат газда Вики и газда Ики да си градат нова НЕБЕЗБЕДНА зграда.
– За да заштедат на проекти, документации, безбедност и комуналии си вадат од бројчињата за легализации до 2011 што си ги имаат во општина Чаир.
– Иако законот за легализација не важи за цели згради, си наоѓаат неколку лица на чие име ќе ги запишат зградите.
– Со парите и моќта која ја имаат со години, не внимавале многу на тоа како и на кого ќе запишуваат дека градел.
– Лицата на кои им легализирале денес се полнолетни, но на барањата и изјавите кои ги терале да ги потпишат во општина под фалц бројчиња, стои дека ги “доставиле” во 2011 година, кога имале 5,6 или 10 години (очигледен фалсификат).
– Во нив стои и дека децава граделе до 2010 година, за што ИТНО треба да се провери од каде денес, а богами и во 2010 година овие деца имале милиони.
– Резимето е дека сите овие лица како Бујар, Беким, Јасин, Севда, Адис и сите останати се употребени или злоупотребени во постапки за легализација, бидејќи е јасно дека немале ни деловна способност на 5 години, ни пари да градат згради.
– Сите овие лица се сведоци на кои им овозможил некој од општина Чаир со фалсификат имотот да го запишат на нивно име.
- Посебен предмет има отворено во Основното јавно обвинителство за фалсификување на архивската книга за легализации, од каде ќе се утврди дека овие деца не поднеле барања во 2011 година! – изјави Арсовска.
