Едноетничките патни табли на влезот во Струга се уште една провокација против Албанците

Сподели:

Демократската унија за интеграција најостро го осудува поставувањето на еднојазични патни табли на влезот во Струга, чин што претставува директна и намерна провокација кон албанците и вредностите на соживотот во државата.

Кога Владата поставува патна сигнализација само на македонски јазик во град како Струга, , тоа не може да се нарече техничка грешка. Тоа е јасна политичка порака. Провокација. Дел од една продолжена и системска стратегија на исклучување.

Исклучувањето на албанскиот јазик, игнорирањето на Албанците во институциите, негирањето на нивниот придонес и вредности  станаа одлика на оваа моноетничка влада.

Се поставува прашањето: кому му служат овие постојани понижувања? Кој има интерес од зголемување на тензиите? И дали ова е цената што Владата ја плаќа за учеството во проектот „Српски свет“?

Секојдневно се преминуваат црвените линии.

ДУИ бара итно отстранување на еднојазичните табли и нивно усогласување со Уставот и законите каде што албанскиот јазик е официјален и рамноправен.

Албанската заедница нема да молчи пред обидите за бришење на албанскиот јазик од јавниот простор, реагираат од ДУИ.

Сподели: