Вести Изјави Македонија Ударни вести

Арсовска: Линк Медиа ќе го украси градот за Нова Година, без фискални импликации по градот

Сподели:
 
На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година, изјави градоначалничката Данела Арсовска.
 
На мојот повик до компаниите да покажат корпоративна општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза се јавија претпријатија заинтересирани да помогнат. Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а Линк Медиа најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година, без фискални импликации по градот.
 
Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година, додаде Арсовска.
Сподели: