Арсовска на средби со градоначалници на метрополите од САД и Европа

Сподели

 

Градоначалничката Данела Арсовска во наредните два дена ќе присуствува на конференција за иновации на градоначалници на која ќе оствари средби со градоначалниците на метрополите од САД и Европа.

“Размената на искуствата за локалната самоуправа има за цел да создадеме инклузивен, правичен и одржлив град. Скопје е метропола со која се гордееме и ќе продолжиме да делуваме при секоја можност да изнајдеме решенија кои можат  позитивно да влијаат на нашиот град за доброто на сите.

Чест и привилегија е да бидам поканета да им се придружам на моите пријатели градоначалници од САД и Европа, како и на други истакнати иноватори и урбани експерти со кои ќе дискутираме за создавање подобри решенија и можности за нашите жители да напредуваат. Во фокусот на средбите ќе биде размена на искуства за справување со глобалната енергетска криза, спроведување реформи и кратење на непродуктивните трошења како мерки на штедење, но и можностите заедно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат метрополите низ светот.” – истакна Арсовска

Градоначалничката потенцира дека градот како дел од реформите, ги минимизира сите трошења кои се непродуктивни, при што и за ова патување како и досегашните нема финансиски импликации за градот, кој е гостин на партнерите од САД со кои градот соработува во изминатите месеци.