Откриени 65 стебла канабис во Демир капија – приведени дилери

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од  Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес  во местото Јаворица, Демир Капија пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и приведоа две лица од Демир Капија, поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана.

 

 

На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита  на насадот. Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка, како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба.

 

 

Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.