Атлетико прави СЕ да го врати Диего Коста во Мадрид!

Сподели

Диего Коста не е среќен во Челзи, и сака да замине од Стемфорд Бриџ и одново да настапува под водство на Диего Симеоне во тимот каде и ја стекна големата слава Атлетико Мадрид.

коста

Се чини дека желбата на репрезентативецот на Шпанија ќе биде исполнета во скоро време, а првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо сега потврди дека тие преговараат за ангажман на Диего Коста и напаѓачот е многу блиску до враќање на Висенте Калдерон.

„Многу го сакаме Диего Коста, морам да признам” – вели Серезо. „Разговаравме со играчот и работиме на негово враќање. Блиску е до Атлетико Мадрид, но во моментов не можам да кажам ништо повеќе”.

коста1

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите околу враќањето на Диего Коста во Атлетико.

The post Атлетико прави СЕ да го врати Диего Коста во Мадрид! appeared first on Спорти.


Source: Sporty