Вести Македонија Ударни вести

Авиолинија Скопје – Сплит од 12 мај

Сподели:

 

Првиот лет на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ од Скопје до Сплит, ќе се реализира на 12 мај. 

„Кроација ерјалнс ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Авионот ќе полетува од Меѓународниот аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта. Цената на еден повратен авиобилет ќе чини од 119 евра“, наведено е во соопштението од ТАВ Македонија.

Сподели: