Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци

Сподели

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на 28. јули, четврток и петок, во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
 
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.