АВМУ ги осуди навредите и дисквалификациите од страна на „Брако“

Сподели

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со  документарниот филм „Убиство во Тетово“.

Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани при  отворањето и анализирањето прашања кои се од висок интерес. Напротив, медиумските работници треба да бидат поттикнувани и охрабрувани во вршењето на својата работа и информирањето на јавноста, информираат од АВМУ.

Доколку некоја засегната страна смета дека објавените информации не се точни или дека не се целосни треба да го искористи законско загарантираното право на одговор и исправка, односно демант.

Воедно, за евентуалното непочитување на принципите и стандардите утврдени во новинарските кодекси можат да се искористат механизмите кои ги имаат воспоставено саморегулаторните тела.